null, Македонија
Хотелот располага со 20 соби и апартмани: 12 двокреветни, 2 трокреветни и 6 апартмани. Сите се со панорамски поглед кон Крушево… Освен еден Јуниор апартман, кој е со поглед кон буковата корија. Вкупниот капацитет на хотелот е 52 гости. За бебиња 0-2 години, во собата на Ваше барање, се поставува детско креветче. Во зимската сезона, користењето на жичарницата и ски лифтовите се бесплатни за гостите на хотелот. Хотелот располага со ресторан, внатрешен базен, спа центар, бесплатен интернет на цела територија на хотелот и ски соба за вашата опрема за скијање. Големите стаклени површини на ресторанот Алто ви откриваат неверојатен поглед кон Крушево, кон боровата шума и кон облаците. Традиционалните јадења Ви ја топлат душата, а интернационалното мени ве шета низ светот. Сите јадења се приготвени по највисоките гурмански стандарди, со голем мајсторлук од нашите врвни готвачи. За вистинска релаксација ве очекува спа центарот со внатрешениот базен кој има фантастична панорамска глетка кон Крушево и стаклен покрив кој ви овозможува постојано да го гледате и небото. Опремен е со хидраулични лежалки, џакузи, топли лежалки и финска сауна. За целосно опуштање, можете да изберете од различните видови масажи: релакс масажа, спортска, медицинска, масажа на стапала и масажа на лице. А за нега на вашето лице и тело, почестете се со некој од повеќето третмани со врвната козметика БАБОР (третман на лице со алги, salt aroma grow третман на тело, лифт експрес третман на лице, Клеопатра третман на тело или витамински коктел за зацврстување и заштита на кожата).
Цена на Двокреветна соба е 100 eвра од ноќ BB
Цена на Супериор соба е 110 евра од ноќ BB (за двајца)
Цена на Јуниор Апартман е 130 евра од ноќ BB (за двајца)
Цена на Делукс Апартман е 150 евра од ноќ BB (за двајца)
Во цената е вклучено: доручек, корситење на СПА центарот два часа на ден, интенет, паркинг,ДДВ, осигурување,
туристичка такса, телевизија, 50 % попуст на ски карта за жичарата и ски лифтот.
Во супериор, јуниор и делукс има опција за сместување на трето возрасно лице или две деца до 12 год, за трето возрасно лице или деца над 8 год се доплаќа 10 евра по ноќ ВВ по лице.
Дополнителен оброк ручек или вечера се доплака 13 евра по лице, за деца под 8 год 8 евра по лице.
Во цената е вклучено доручек, користење на СПА ценатрот, интернет, телевизија, паркинг, ДДВ, туристичка такса, осигурување, карта за жичарата, за скиливтовите, скијачка опрема, вода по собите, 10% попуст во Lounge Bar Alto кој се наога на ски терените во Крушево. Според уредбите и протоколите за користење на СПА центарот можат да се користат базенот, двете водни лежалки, двете топли лежалки и сауната и тоа во закажани термини од два часа дневно, во еден ист термин максимум 4 соби, односно 8-10 лица.
Џакузито сеуште не е дозволено за употреба. Исто така и масажите се дозволени за користење мегутоа тие се доплакаат екстра.
Нова содржина што ја имаме на Ски терените е адреналин парк кој што има неколку содржини:
Движење по Rope Line- 150 ден по лице за една стаза
Искачување на вештачка карпа – 150 ден по лице за едно искаќување
Возење со триколки – 150 ден по лице за две спуштања
Спуштање на Zip Line – 120 ден по лице за едно спуштање.
– Трето возрасно лице во супериор, јуниор и делукс апартман 10 евра по ноќ
– Две деца, за деца до 8 години бесплатно
– Деца над 8 години – 10 евра по дете по ноќ.
– Дополнителен оброк ручек или вечера 10 евра по лице – сет мени(предјадење, главно јадење, десерт и еден безалкохолен пијалок)
– Деца до 8 години се доплака 5 евра и добиваат пола порција – Деца над 8 години е 10 евра по лице
• Политика на откажување: Доколку откажете повеќе од 7 дена пред пристигнување-без пенали. Ако се откаже во рок од 3 дена пред пристигнување, 100% од првото ноќевање за откажаната соба ќе биде наплатено.
•Политика за No-Show : Во случај на не појавување(no-show) 100% од првото ноќевање ќе биде наплатено.
Не се двоумете. Контактирајте не и ние ќе се погрижиме за Вашиот одмор од соништата.
Биди чекор пред другите!
© Copyright 2022 - Сите права се заддржани. Изработена од на Webiart
Hello! Welcome Create a New Account