AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Кипар

null, Грција

Duration

3 Days

Group Size

30 People

Tour Type

Adventures Tour

Date

Jan 19' - Dec 21'

Min Age

10+

Pickup From

Airport

Авион/автобус/3 ноќевања/ 3 екскурзии
Ларнака/Лимасол/Никозија/Солун

Кипар е живописен остров во Средоземното Море кој постојано го привлекува вниманието на илјадници туристи. Оваа област вешто ги комбинира урнатините на античките грчки храмови, остатоци од населби кои датираат од камено време, величествени византиски, па дури и готски катедрали. Ние сакаме во неколку дена на да пробаме да ви пги преставиме  иконски места на островот. Кипар е најголемиот од трите големи медитеранските острови. Со површина од 9250 квадратни. км. Сепак, не треба многу за да го преминете нагоре и надолу и се погледнат сите атракции. Со автомобил од север кон југ, е да се помине во најширока точка 96 километри, а од исток кон запад повеќе – 224 km. Релјефот на островот Кипар е различен: песочни плажи и карпести гребени, долини и ридови, борови шуми и планински масиви.

 

04.03.2023 (сабота)  Солун  – Ларнака

Состанок на групата на групата на аеродром Солун во 07.00 часот по грчко време  и чекирање на лет Wizzair. Полетување во 09,10 часот по грчко време.  Пристигнување на аеродромот во Ларнака во 11.00 часот.  Запознавње со прогрaмата и нашите водичи. Заминување за разглед на еден од најстарите градови на светот, град со испреплетени години историја, култура и уметност, во кој се измешале повеќе цивилизации како Персиjци, Грци, Египќани, Византици, Отоманци, Турци и Британци. Град со посебен шарм и поволна блага клима. Панорамски разглед на градот Стар Китон (Ларнака), Паркот на камилите,  Неолитски споменик- “Choirokoitia“, Големата џамија-Кебир, Султан Теке, Солено Езеро, Црквата Аг.Лазарос, Археолошки музеј Пиеридес, Плажа Финикудес, Манастир Ставровуни. Сместување во хотел. Попладнето слободно време за посета на стариот дел на градот Ларнака. Уживајте во ноќта меѓу локалното население, атмосфера и храна. Можност за посета на етно ресторан – факултативно. Ноќевање 1.

 

05.03.2023 (недела)  Ларнака – Лимасол  – Омодос 

Појадок. По појадокот факултативно (50 Еур) организирано заминување и посета на стариот град Лимасол.
Лимасол е втор град по големина на Кипар (после Никозија) и најпопуларно летувалиште на островот на Афродита после Аја Напа. Лимасол е голем туристички центар, со долги шеталишта во центарот на градот, до самото море. На брегот од лева и десна страна се нижат безброј хотели и туристички населби. Овде сте во можност да уживате во долгите плажи, прекрасните хотели и секако и во стариот дел на градот каде можете да ги видите локалците како играат табла и пијат кафе во текот на целиот ден. Градот ви нуди голем избор на продавници од секаков тип кој ќе ги задоволи дури и оние најпребирливите. потоа ќе продолжиме да  посетиме прекрасно село сместено во областа Лемесос (Лимасол). Ќе го посетиме и убавото село Омодос каде се произведува  вино, кое се наоѓа на надморска височина од 800 метри на планинскиот венец Тродос, во прекрасната област „Красохорија“, на само 42 километри од градот Лемесос. Омодос е едно од најтрадиционалните и најшармантните села на островот. Селото постои од периодот на Франките и е означено како „Хомодос“ и „Хомоклос“ на старите карти, а неговото име потекнува од грчкиот збор за улица – „одос“. Познат по виното, позитивната енергија, рачно изработените тесно плетени врвки и лебот „аркатена“, неговата чудна околина е совршена за агротуризам. И покрај неговата скромна големина, Омодос има многу интересни глетки. Сместени во непосредна близина еден до друг се калдрманиот плоштад, старите камени куќи, локалните винарии, средновековната преса за вино и манастирот Тимиос Ставрос (Светиот крст), со старите икони и импресивни резби. Ќе видиме  и музеј посветен на НОБ, како и центар за зачувување на тесно плетените врвки и Музеј на икони. Враќање во хотел во попладневните часови. Ноќевање 2.

 

06.03.2023 (понеделник)  Ларнака -Никозија  

Појадок. Слободно време за истражување на градот или пак организирана факултативна екскурзија (50 Еур)  на главниот град на Кипар – Никозија.  Град поделен на два дела и  две временки зони, граница и пасошка контрола.  Фактот дека се преминува од една во друга држава за само 2 минути и поместувањето на часовникот за еден час понапред  е посебно искуство.   Најинтересниот дел на Грчката страна од градот е  наречен  Laiki Getonia , исполнет со голем број на продавници, кафичи, атељеа  и тесни улички.   Посета на Кипарскиот Археолошки музеј кој поседува голема колекција  на предмети од преку 9000 годишна историја на островот.  Голем број од старите куќи се рестарвирани, а во рамките на стариот град  се наоѓа  Етнографскиот музеј, Катедралата на Св Јован, големата палата на  Архиепископот  Макариос  III  првиот и доживотен претседател на републиката,  како и најголемата банка на Кипар за која се кажува дека е во сопственост  на Кипарската православна цркава.  Слободно време за ручек.  По ручекот се заминува према зелената линија  и познатиот зид кој  го дели Кипар на Грчки и Турски дел.  Враќање во хотел во Ларнака. Слободна вечер со можност за посета на ноќен клуб. Ноќевање 3.

 

07.03.2023 (вторник)  Ларнака- Солун

  Појадок  (ланч пакет ) Одјавување од хотел во 04.00 часот. Трансфер до аеродромот во Ларнака. Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување од Ларнака  во  06.25  часот Пристигнување во Солун во 08.35 часот. Можност за прошетка низ Солун, како и можност за шопинг. Заминување за Македонија за групата со организиран превоз во 15 часот и пристинување во вечерните часови. Организирани трансфери по градови.

 

Цена на аранжманот: 339 Eур/ 21.018 МКД

Цена за уплата на аранжманот до 31/01/23 –  305 Eур/ 18.910 МКД

Деца: 2-12 години со двајца возрасни 289 Еур. Еднокреветна соба 469 Еур.

Во цената се вклучени следниве услуги:
– Авиокарта Солун-Ларнака РТ со вклучен рачен багаж (30х40х20- 8кг)
-3 ноќевања со појадок во  хотел 3* во Ларнака
-Организиран разглед на градот Ларнака  со локален водич
– Прошетка и шопинг во Солун (за патниците со организиран превоз од Македонија)
-Организација и водство на патувањето

 

Во цената не се вклучени следниве услуги:

– Автобуски превоз Битола- аеродром Солун РТ 40 Eур по лице. Скопје-Велес-Охрид РТ 50 Еур по лице
– Факултативен излет Лимасол (50 Еур)
– Факултативен излет Никозија (50 Еур)
– Вечера во национален ресторан (40 Еур)
– Багаж 10кг (55 x 40 x 23 cm)– 3.500.00 денари за двата правца
– Туристичка такса 1,5€ по соба од ден, напалата на рецепција во хотел
– Влезници за посета на локалитетите
– Паркинг аеродром Солун (24 Еур/ кола /4 дена)
– Патничко и здравствено осигурување 150 мкд

 

Доплата за повратен трансфер во МК: Скопје, Велес, Прилеп, Охрид и Кавадарци 10 Еур/лице


НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 20 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата. Важат Општите услови за патување на СКТМ и ТА Ариес и ЈК Травел

Удобности

Преглед по соби

Превоз

Галерија

Location

Не успеавте да најдите тоа што го баравте ? Контактирајте не!