AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Мариас Хаус - Никити

Ситонија, Грција

Duration

3 Days

Group Size

30 People

Tour Type

Adventures Tour

Date

Jan 19' - Dec 21'

Min Age

10+

Pickup From

Airport

„Maria`s house“ се наоѓа во централниот дел на Никити, на само 20 метри од плажата. Располагаме со трокреветен и петкреветен апартман на прв спрат кои имаат поглед на улица и страничен поглед од терасите кон морето. Сместувачките капацитети се опремени со модерен мебел, мини кујни, телевизори и клима уреди чие користење  е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи. Терасите се заштитени со тенди. Сместувачките капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Опис на регион

се наоѓа на северниот дел на полуостровот Ситонија помеѓу Метаморфозис и Неос Мармарас и ги разделува двата полуострови Касандра и Ситонија. Во последните неколку години ова е едно од најбараните туристички места на Халкидики. Има долга песочна плажа и кристално чиста морска вода, а на прекрасно уреденото шеталиште покрај градската плажа се наоѓаат изобилство кафе барови, ресторани и таверни. Во градот има се` што е потребно за пријатен одмор: три големи супермаркети: (Lidl, Masutis и Marinopoulos), мини маркети, месари, пекари, слатарници, лекар, аптека.

-10% попуст за целосна уплата до 31. јануари 2023

Опис на програма

 

Вила “Maria” – Никити

Смена:

Ноќевања:

1/3 апартман 

1/5 апартман

20.05-30.05.2023

10

300 (18.600)

500 (31.000)

30.05-09.06.2023

10

400 (24.800)

600 (37.200)

09.06-19.06.2023

10

450 (27.900)

650 (40.300)

19.06-29.06.2023

10

600 (37.200)

800 (49.600)

29.06-09.07-2023

10

650 (40.300)

850 (52.700)

09.07-19.07.2023

10

700 (43.400)

900 (55.800)

19.07-29.07.2023

10

700 (43.400)

900 (55.800)

29.07-08.08.2023

10

700 (43.400)

900 (55.800)

08.08-18.08.2023

10

700 (43.400)

900 (55.800)

18.08-28.08.2023

10

700 (43.400)

900 (55.800)

28.08-07.09.2023

10

600 (37.200)

800 (49.600)

07.09-17.09.2023

10

500 (31.000)

700 (43.400)

17.09-27.09.2023

10

350 (21.700)

550 (34.100)

27.09-01.10.2023

4

120   (7.440)

200 (12.400)

Удобности

Преглед по соби

Превоз

-Цените во табелата се однесуваат за наем на цел апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз

-Туристичката агенција има право да ги продаде преостанатите капацитети по last minute понуда. Патникот нема право да бара рефундација доколку има разлика во цената

-Доколку патникот го откаже аранжманот кој го уплатил по early booking цена, се применуваат општите условите за отказ согласно потпишаниот договор за патување. Патникот не може да го користи истиот попуст за следен термин

-Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети

-Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден во 09.00 часот по локално време

-Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

-Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари

 

Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Флогита-Никити-Неос Мармарас

Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции

-Цена на повратен билет –45 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 години-35 евра…

-Цена за билет во еден правец 30 евра; деца од 2-12 години- 25 евра. Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплата.

-Патниците се оставаат до најблиската локација до каде има пристап за превозното средство.

-Секој патник самостојно го пренесува својот багаж од автобусот до сместувачките капацитети.

-Багажот е ограничен на еден голем куфер и една мала патна торба по патник.

Галерија

Location

Не успеавте да најдите тоа што го баравте ? Контактирајте не!