AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Будва-Дубровник-Бар-Портонови

null, Црна Гора

Duration

3 Days

Group Size

30 People

Tour Type

Adventures Tour

Date

Jan 19' - Dec 21'

Min Age

10+

Pickup From

Airport

Ако сте љубители на Јадранот, тогаш Будва е најдобриот избор за вас!

Прекрасна обала, убавото море, прекрасни плажи, сонце, убави луѓе… не е случајно што Будва и будванската ривиера важат за едно од најпривлечните туристички места! Ридестите предели, монументалната архитектура, прекрасните домашни вина и храна, живописни плоштатчиња се само дел од нештата што ја прават Будва прекрасна.

 

Ден 1 – 17.11.2022 (четврток)

  • Состанок на групата на Дрводекор во 22:30 часот, поаѓање во 23:00 часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

Ден 2 – 18.11.2022 (петок)

  • Во утринските часови пристигнување во Острошки Манастир, едно од најпосетуваните светилишта на Балканот. Манастир кој е врежан во карпите, основан од митрополитот Василије Острошки во XVII век. По посетата на Манастирот, патувањето го продолжуваме кон Будва. Сместување во вили во центарот на Будва. Слободно време за прошетка низ стариот град на Будва или посета на Словенска плажа. Ноќевање.

 

Ден 3 – 19.11.2022 (сабота)

  • Третиот ден е предвиден за факултативна посета на Портонови и Дубровник. Најпрво се упатуваме кон Портонови. Ако Црна Гора е скриен скапоцен камен, Портонови несомнено е дијамант во нејзината круна. Мирно бегство, место за оние кои имаат авантуристички дух. Покрај бројните луксузни вили, ќе уживате во она што ова живописно место може да го понуди, од вкусна храна и пијалоци, до пловење, шопинг, па дури и СПА третмани во Chenot Espace Wellness Spa центрот. Во Портонови на секој чекор се осеќа духот на ривиерата. Животот одвде се одвива во ритамот на Медитеранот - опуштено, неформално и во кругот на семејството, пријателите и новите познаници. Портонови е навистина живо место, со сè што ви треба за да уживате во возвишениот медитерански начин на живот – од Портонови марината од светка класа, шик кулинарска и бар сцена, разновидна колекција на продавници и бутици од врвни дизајнери и врвни здравствени, фитнес и велнес објекти. Вистинско чудо кое едноставно мора да се доживее. По посетата, се упатуваме кон Дубровник. Следува разглед на стариот град Страдун: Главната капија–Пиле, Францисканскиот манастир со една од најстарите аптеки во Европа, Старата царина, Катедралата Свети Блаж, Ректоровата палата, старото пристаниште итн. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во Будва, можност за посета на стариот град. Ноќевање

 

Ден 4 – 20.11.2022 (недела)

  • Во договорено време одјавување од вилата и поаѓање кон Бар со попатно застанување за панорамски разглед и фотографија кај монденското летувалиште Св. Стефан. По кратката пауза, патот го продолжуваме кон Бар - крајбрежен град на Јадранското Море со население од 40.000 жители. Се наоѓа на 40 км од Будва, помеѓу Јадранското Море и Скадарското Езеро и е еден од најсончевите градови во Европа (има повеќе од 270 сончеви денови годишно). Градот е поделен на 2 дела: Стар и Нов Бар. Стариот град е вистински археолошки музеј под отворено небо,опркужен со маслинести и овошни дрвја.Новиот град е модерен со модерни градби,широки улици,продавници, песочни плажи и пристаниште. Слободно време за индивидуални активности. Поаѓање за Скопје, пристигнување околу полноќ.




  •  

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 79 ЕВРА
ПРОМО ЦЕНА 69 ЕВРА ЗА УПЛАТИ ДО 07.11.2022

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус
- 2 ноќевања (апартманско сместување) во центарот на Будва
- Посета на Острошки Манастир
- Организација на патувањето и пратител

 Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Целодневна факултативна посета на Портонови и Дубровник - 30 евра
- Туристичка такса за посета на Острошки Манастир (1 евро по лице)
- Превоз со Манастирско комбе до Острошки Манастир (1.50 евро во правец)
- Туристичка такса 2 евра по лице 
- Патничко осигурување

НАПОМЕНА:
- За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума, доплата 7 дена пред поаѓање
- За ова патување потребна е валидна лична карта или пасош
НАПОМЕНА: За влез во Република Хрватска е потребен валиден биометриски пасош
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- За реализацијата на факултативата потребено е да се пријават минимум 20 патници
- За овој аранжман важат општите услови на патување на ИДЕАЛ ТРАВЕЛ 
и ЈК ТРАВЕЛ

Удобности

Преглед по соби

Превоз

Галерија

Location

Не успеавте да најдите тоа што го баравте ? Контактирајте не!