AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Сејшели

null, Сејшели

Duration

3 Days

Group Size

30 People

Tour Type

Adventures Tour

Date

Jan 19' - Dec 21'

Min Age

10+

Pickup From

Airport

Десет дена тропски рај каде ќе уживаме во најмекиот бел песок и во тиркизното пространство на Индискиот океан. Патувањето и доживувањето на Сејшели ќе го комплетираме со највкусните традиционални јадења и купување на рачни уметнички изработки и накит. Ќе го научиме традиционалниот танц Сега, ќе се препуштиме на ритамот и ќе уживаме во енергијата на островот. Сместени сме на најголемиот остров Махе. Ќе го посетиме главниот град Викторија, и ке ги посетиме едни од наубавите и најфотогенични плажи на светот, ќе уживаме во вкусот на најдобриот рум на светот во Такамака и ќе го посетиме Прале еден од најубавите острови на светот, и La Dique каде одблизу се запознаваме со неверојатната природа на овие гранитни и корални острови, џунглите, растителниот и животинскиот свет.

Посети вклучени во цената: 

1. Посета на главниот град Маџе - Виктори сити тур

2. Дестилерија за рум Такамака

3.Видиковецот Еден

4.Националениот парк Морне

5. Плажата Port Launay,

6. Плажата Anse Royal,

7. Плажата Anse Soleil.

8. Плажата Anse Intendance

9. Port Glaud Lagoone

10.Плажата Petite Anse

 

Рута: Скопје-Истанбул-Сејшели-Истанбул-Скопје

Термини на патување: 

 

 

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: 30% при резервација. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 4 недели пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.

 

Што е вклучено

Сместување

Divers Lodge Guest House Seychelles или Coral Strand Smart Choice Hotel 4 за 7 ноќи


Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Махе (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Махе - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Храна

7 × Континентален појадок


Останато

  • -Пакет од 10 факултативи/активности на Сејшели

Не е вклучено

  • -Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • -Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • -За невакцинирани или нецелосно вакцинирани патници: Задолжителен ПЦР или БРЗ АНТИГЕН ТЕСТ за влез во земјата!

 

 

Опис на сместување

Ден 1: Состанокот на патниците е на Mеѓународниот Aеродром во Скопје 2 часа пред закажаното полетување за Истанбул. Лет за Истанбул во вечерните часови. Пристигнување во Истанбул

 

Ден 2: Лет од Истанбул за Сејшели во утринските часови. Пристигнување на Сејшели во претпладневните часови. Добредојдовте во тропскиот рај! Организиран трансфер до сместувањето. Слободно време за одмор на плажа. Сејшели се сместени во Индиски океан, околу 1600 километри од источниот брег на Африка. Најголеми острови се Mahe, Praslin и La Digue. Поради положбата меѓу 4-тиот и 10-тиот степен на јужна географска ширина, островите се под тропска клима преку целата година. Прекрасни плажи, нереални бои и природа, тропски растенија и топли локалци.

 

Ден 3: Разгледување на островот Mahe - Главниот град Викторија, Дестилеријата Такамака, Видиковецот Еден и плажата Anse Royale. Го посетуваме главниот град Викторија, историскиот дел на градот. Шетајќи низ градот, уживаме во шареноликата слика која ја прават камените и дрвени куќи од раниот 20-ти век. Викторија има два главни центри - еден од нив е сместен околу “саат-кулата“ - реплика на Big Ben од Лондон која претствува симбол на Сејшелите. Вториот центар се карактеризира со пазарот Sir Selvin Selvin Clarke, кој е одалечен околу 5 минути пешкиод кулата со часовникот. Пазарот е изградено во 1840-та година, а го добива името по францускиот гувернер кој сам ги изградил штандовите за продажба на роба на локалните земјоделци и рибари. Овој пазар е навистина вреден за посета, поготово во сабота наутро, кога се нуди вистинската кошничка со производи - риба, зачини и егзотично овошје. Освен тоа, тука се наоѓа и кафич во кој можете да седннете и да ги впивате интензивните бои, звукови и мириси од пазарот, додека уживате во појадокот или ужинката. Едно од најпосетените места на Сејшелите и едно од омилените, посебно на фотографите, е шарениот хиндуистички храм кој се наоѓа во непосредна близина на пазарот. Оваа живописна градба во улицата Quincy Street е изградена во 1992-ра година и служи како место за молење на околу 5.000 Хиндуисти кои живеат во Викторија. Патниците кои сакаат, можат да ги соблечат патиките, да ги остават на влезот и да го посетат малиот храм. Следната станица ни е Видиковецот Еден од каде се отвора неверојатен поглед на Викторија. Продолжуваме до Дестилеријата Такамака, каде ќе се запознаеме со процесот на правење на најпознатиот Сејшелски рум. Остатокот од денот го поминуваме на една од рајските плажи на Сејшели - Anse Royale, каде ќе направиме супер фотографии. Се враќаме во сместувањето. Ноќевање

 

Ден 4: Го разгледуваме најголемиот национален парк на Сејшели - Морне, каде уживаме во локалната флора и фауна и одмараме на спектакуларните видиковци на островот. Потоа, продолжуваме со посета на некои од најубавите плажи на Махе - Port Glaud Lagoon и Port Launay каде ќе уживаме во зајдисонцето. Враќање во сместувањето. Ноќевање

 

Ден 5: Ден резервиран за капење и сончање на најубавите плажи  на Сејшели! Првата станица ни е плажата Petite Anse, потоа Anse Soleil, па Anse Intendance. Се сончаме, бањаме и уживаме во локалните јадења и коктели во beach баровите. Се враќаме во сместувањето. Ноќевање

Удобности

Преглед по соби

Превоз

Галерија

Location

Не успеавте да најдите тоа што го баравте ? Контактирајте не!