null, Хрватска
1 ден 07.12.2022 (среда) Скопје – Дарувар
Состанок на групата пред ВИП хотел спроти поранешен скопски саем во 21.00 часот. Поаѓање за Хрватска во 21.30 часот. Ноќно возење преку Србија и Хрватска со попатни паузи поради одмор и царински формалности.
2 ден 08.12.2022 (четврток) Даруварски Топлици
Пристигнување во претпладневните часови во Дарувар и сместување во хотел. Кратко слободно време за одмор од патувањето. Во договорено време заминување на прошетка и разглед на градот Дарувар со локален водич: Јулијевиот парк, дворецот на грофот Јанковиќ... Враќање во хотел и слободно време за релаксација и СПА уживање, бесплатно користење на термалните базени во хотелот со температура до 36 °C. Вечера. Ноќевање.
3 ден 09.12.2022 (петок) Дарувар - Загреб – Christmas Market - Дарувар
Појадок. По појадокот факултативно Ве водиме на еден од најубавите Божиќни пазари во Европа во Загреб. Пристичнување во Загреб и организиран разглед на главниот град на Хрватска со локален водич: катедралата Градец – Горни град, плоштадот Бан Јелачиќ, Камената порта, Калчиева улица, Марковата црква... По разгледот слободно време за индивидуални прошетки и посета на Божиќниот пазар обоен во илјада бои.. Во договорено време враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
4 ден 10.12.202 (сабота) Дарувар - Скопје
Појадок. Напуштање на хотелот согласно хотелското правило. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи или можност за факултативна посета на Пивовара Дарувар. Посета и разглед на пивоварата со дегустација на 5 различни видови на сирење и 5 видови на пиво на точење. Во договорено време во попладневните часови заминување на групата кон Македонија. Возење преку Хрватска и Србија со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
Цена на аранжманот - 189€/11.718ден
Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден
Цена по лице за минимум 2 лица во соба
Во цената на аранжманот е вклучено:.
Во цената на аранжманот не е вклучено:.
Важни напомени:
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек.
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
- За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 30 патници, организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени да ја промени цената на факултативата или истата да ја откаже.
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност по курс 1еур=62мкд.
- За овој аранжман важат ОУ на патување од СКТМ и Ваикики Травел и Јк Травел
Не се двоумете. Контактирајте не и ние ќе се погрижиме за Вашиот одмор од соништата.
Биди чекор пред другите!
© Copyright 2022 - Сите права се заддржани. Изработена од на Webiart
Hello! Welcome Create a New Account