AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Малдиви

null, Малдиви

Duration

3 Days

Group Size

30 People

Tour Type

Adventures Tour

Date

Jan 19' - Dec 21'

Min Age

10+

Pickup From

Airport

 Југозападно од Индија и околу 700км западно од Шри Ланка, се наоѓаат Малдивите или или Малдивските Острови кои се островска земја која се состои од група атоли во Индискиот океан. 

Главен град на Малдивите е Мале, а официјален јазик е Малдивскиот (дивехи) парична валута е Руфија. Религија: Ислам

При посета на главниот град или локалните острови мажите не треба да носат кратки панталони а жените во кратки сукњи, колената и рамениците треба да бидат покриени. Во туристичките ресорти не е потребно плаќање во локална валута. Може да се плаќа во готовина со Евра или Американски долари и со кредитни картички. 

Co oглед на тоа дека Малдиви е исламска земја, топлес и нудизам се строго забранети, прекршците се плаќаат со големи суми. Поседување или внес на нелегални наркотици најстрого се казнува. Внес на алкохолни пијалоци, преработки од свинско месо, списанија со несоодветни содржини, оружје или харпун е забрането. Јавно покажување на било која друга вера освен исламот е забрането.

Малдивите содржат во себе 1.192 островчиња.Малдивите се познати посвоите природни убавини - син океан, бели плажи и умерени температури. Температуритена водата и воздухот се околу 30°С во текот на целата година. Природните убавини се магнет за туристите и воедно туризмот претставува најважна индустрија на Малдивите. Поради прекрасните подводни корални пејсажи, Малдивите се рангирани како една од најдобрите дестинации за нуркачите во светот. Еден типичен туристички комплекс на Малдивите се состои од ексклузивен хотел на сопствен остров, населен исклучиво со туристи и хотелските работници, без друго локално население.  Главни индустрии се туризмот и рибарството.

Малдивите се најниска земја на светот - најголемата висина на копното над морето е 2,3м. Во текот на минатиот век нивото на морето се има подигнато за околу 20см, и доколку тој тренд продолжи, се заканува со потопување на островите.Покрај тоа, Малдивите се многу чувствителен еко-систем поради тоа што коралите кои се клучен фактор за ланецот на исхраната на морскиот свет страдаат од зголемувањето на температурите и од човечкото уништување.

Што се однесува до Визен режим: На државјаните на Македонија кои патуваат туристички на Малдиви, добиваат бесплатна виза за период од 30 дена на самиот аеродром. Потребно е да приложат важечка патна исправа, повратен авио билет и потврда/резервација за уплатен туристички аранжман и важноста на пасошот при патувањето мора да биде најмалку 6 месеци.

Климата на Малдиви е со просечна температура помеѓу 29 и 32 степени, со повремени тропски врнежи. Најповолно време за патување е во периодот околу божиќните и новогодишни празници, кога на Малдивите времето е суво и топло. Перодот од мај до ноември е исто така топол, но со поголем степен на влажност во воздухот и поголеми шанси за дожд. Од крајот на мај до почетокот на септември е монсунски период кој се карактеризира со повремен дожд и ветар, додека во периодот од ноември до април - североисточен монсун кој е топол и сув.

 

Кога ќе кажеме одмор од соништа дефинитивно помислуваме на Малдиви (Maldives)! Рајски тиркизни лагуни, бесконечни плажи од бел песок и шаренолик подводен свет е само мал дел од работите кои Малдиви ја прават совршена дестинација за уживање и релаксација. Со сигурност може да кажеме дека е домот на најфасцинантните и најегзотичните плажи на светот!

За љубителите на малку поавантуристички патувања, "стандардниот" одмор на Малдиви знае да биде малку пасивен. На која плажа и да се наоѓаш, десет дена само лежење на плажа знае да биде малку монотоно. Затоа одлучивме патувањата на Малдиви да ги организираме на малку поавантуристички начин во Jungle стил, впрочем како и сите други наши патувања. Така најмногу може да се види нашата експертиза и по тоа сме познати!

Спремни за авантура?

Во нашата програма се сместуваме на најпознатиот населен остров на Малдиви Мафуши (Maafushi). Не си замислувајте голем остров со згради, автомобили, улици. Замислете си мал тропски рај, палми, песок, островче кое во должина се поминува за 15 минути, а во ширина за 5 минути. Островче со неколку ресторанчиња и барови со жива музика, со насмеани и љубезни локалци, неколку хотели, туристи, авантуристи и нуркачи од #ЦелСвет. Замислете си и прекрасна плажа со бел прашкаст песок, палми и тиркизен океан. Дечки, плажа на Малдиви е плажа на Малдиви... Замислете си и Хотел со 4* - Arena Beach во кој што се сместуваме. Хотелот се наоѓа на сама плажа, а има и infinity pool на кровот на хотелот. Имаме и лежалки, пешкири за плажа, опрема за нуркање достапна за време на целиот престој. Најважно од сé? Во цената на нашиот аранжман имате вклучени активности/излети кои прават перфектен баланс на одморот на Малдиви. Освен што уживаме на нашата плажа, што шетаме низ нашето островче и уживаме во некој од локалните “барчиња“ - се плажираме на песочни дини - малечки острови во сред океан кои ги имаме само за нас. Еден од овие денови дочекуваме зајдисонце на песочна дина во сред океан, па палиме оган, свириме гитара и гледаме ѕвезди... Одиме да нуркаме со ајкули, подводни желкиделфини. Храниме ражи. Имаме локални водичи - сертифицирани "free" нуркачи кои со GoPro ни прават незаборавни фотки, над и под вода и истите ни ги префрлаат на телефон/лаптоп, па имаме спомени за цел живот!

 

 

 

Удобности

Преглед по соби

Превоз

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Корисни информации поврзани со Ковид-19 и услови за патување и влез во државата

За влез на Малдиви не е потребен ниту ПЦР тест, ниту вакцина против Ковид-19.

Сите патници мораат да пополнат и Health Travel Authorization форма на https://imuga.immigration.gov.mv/. Оваа форма се принта и се носи со Вас на аеродром.

Ве молиме сите овие информации, пред патување, уште еднаш проверете ги со претставници на нашата агенција. Агенцијата не сноси одговорност во случај на погрешни информации наведени на нашиот сајт, поради промена на регулативата за влез во државата, од моментот на објавување на овие информации, до моментот на патување.

Малдиви

ИНФОРМАЦИИ ПОВРЗАНИ СО КОВИД-19
За влез на Малдиви не е потребен ниту ПЦР тест, ниту вакцина против Ковид-19.

ВИЗА
Државјани на Република Македонија кои туристички патуваат на Малдиви, добиваат бесплатна туристичка виза за период до 30 дена на Аеродромот во Мале – Малдиви. Потребна е следнава документација: важечка патна исправа, поврaтна авио-карта и потврда за уплатен туристички аранжман (ваучер кој го добивате кај нас во агенција). Рок на важност на пасошот мора да биде најмалку 6 месеци од датумот на враќање во Македонија. 

HEALTH DECLARATION FORM
Сите патници мораат да имаат пополнето и Health Declaration Form на следниот линк: https://imuga.immigration.gov.mv . Оваа форма треба да се пополни во рамки на 48 часа пред времето на пристигнување на Малдиви. Истото е потребно да го направите и на Малдиви, во рамки на 48 часа пред поаѓање од Малдиви. Патниците мораат да го испринтаат и QR кодот кој ќе го добијат по успешно пополнета апликација, или истиот да го сочуваат на телефон. QR кодот ќе Ви биде потребен за време на чекирање на авиокартите во Скопје. Во онлајн формуларот е потребно да приложите и Ваша фотографија.

ЛЕКОВИ, ВАКЦИНИ И ЗДРАВЈЕ
За патување на Малдиви не е потребен доказ за вакцинација, освен ако доаѓате од област зафатена со жолта грозница (области од Централна Африка или Јужна Америка). Препорачуваме на пат да понесете пробиотици, лекови за настинка и температура (пр. Фервекс, Риностоп) како и лекови за болка (пр. Бруфен, Кафетин) и доколку примате редовна терапија - лековите кои Ви се препишани.

ТЕМПЕРАТУРА (КЛИМА), ОБЛЕКА И ПАКУВАЊЕ
Температурата преку ден се движи помеѓу 29-32 степени, а навечер паѓа на пријатни 26 степени. Температурата на морето на Малдиви е 28 степени за време на целата година. Времето на Малдиви знае да биде променливо со облаци, краток дожд и сончеви интервали, кои може да се менуваат во текот на денот. Од облека Ви е потребна летна и лесна гардероба, но сепак, задолжително со Вас понесете и долги ракави и ногавици, пред сé за во авион. Ве советуваме да бидете спремни за повисоки температури и да носите креми со заштитен фактор, шешири и марами кои ќе ја штитат Вашата кожа од сончевите зраци.

БЕЗБЕДНОСТ
Хотелот во кој сте сместени се наоѓа на локален остров каде живее локално население. Островот е безбеден, но секако препорачуваме да водите сметка за Вашите пари и лични работи како што би воделе на било која друга дестинација. Локалците се особено пријателски настроени кон туристите и сакаат да се дружат и да се запознаваат. 

ХРАНА, ПИЈАЛОЦИ И ВОДА
Исклучително важно е да пиете само флаширана вода. Храната се базира на овошје, зеленчук, ориз, нудли, морски специјалитети, но во хотелите и рестораните на гостите им се нудат и меѓународни специјалитети. Цените на оброците на Малдиви варираат, но просечна цена на оброк во ресторан е 7-15$, пијалоци околу 5-10$.

Малдиви е исламска држава. Во државата е нелегално да се внесува свинско месо, продукти што содржат свинско месо и алкохол. Иако, на населените острови е забрането да се служи алкохол во ресторани и барови, може лесно да се најде алкохол на островите и често се наоѓаат укотвени „Party Boats“ на неколку стотини метри од пристаништето на кои се служи и продава алкохол.

Заклучокот на нашите патници (и наш лично) е дека на Малдиви има прекрасна храна, дали традиционална, морска или интернационална. На Малдиви можете да јадете превкусен и ефтин октопод, морски плодови, риба, но и бургери и пица.

ТЕЛЕФОН И КОМУНИКАЦИЈА
Нашите мрежи функционираат на Малдиви. Што се однесува со цените за роаминг, потребно е да проверите на сајтовите на Вашите мобилни оператори. Што се однесува до интернет и Wi-Fi, конекцијата знае да биде бавна, но сосема доволна за основна комуникација. Некогаш сигналот знае да биде полош во собите, но на рецепција во главно, работи одлично. Доколку сакате картичка за интернет, која нуди пристап до брз интернет, известете го водичот. Цената на картичките се движат околу 30$-35$ - 17GB.

СТРУЈА
Потребно е со вас да понесете адаптер за струја – влез како што се користи во Велика Британија (штекери со три сплоснати влезови). Адаптерот не може да се купи на самата дестинација.

ПАРИ, ПЛАЌАЊЕ И ТРОШОЦИ
Официјалната и основна валута во Малдиви е Малдивска руфија. Односот на валутата е следен:
1 EUR = 18.18 MVR 
1 USD = 15.46 MVR
* Ова е курсот во моментот на објавување на овој текст. Истиот можете да го проверите на google.com пред патување. 

Можете да носите евра или долари. Постои можност да користите и платежни картички, но не треба премногу да се потпирате на нив. Провизиите кои ги земаат не се големи, но секако би требало да проверите со матичната банка. Доколку носите долари, истите не смеат да се постари од 2000-та година. Валутата која се користи во хотелите е долар. Иако Малдивите имаат своја локална валута, доларот е општоприфатен за плаќања во кеш. На аеродромот во Мале се примаат само долари, па препорачуваме и Вие да ја носите оваа валута. Во хотелите примаат и евра, но по доста неповолен курс во однос со Банките во Европа.

На Малдиви планирајте да трошите околу 20-30$ на ден за комфорен престој по лице (во зависност дали од понудата имате избрано ноќевање со појадок или полупансион), за ситедополнителни оброци, сувенири, излегувања навечер итн. но тоа секако е индивидуална работа и зависи колку трошите.

ВРЕМЕНСКА ЗОНА
UTC+5, односно во текот на зимското сметање на времето разликата помеѓу С. Македонија и Малдиви е 4ч, а во текот на летното сметање на времето е 3ч, затоа што Малдиви не преминува на летно сметање на времето.

Галерија

Location

Не успеавте да најдите тоа што го баравте ? Контактирајте не!