AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Куба

null, Куба

Duration

3 Days

Group Size

30 People

Tour Type

Adventures Tour

Date

Jan 19' - Dec 21'

Min Age

10+

Pickup From

Airport

Најголемата островска земја во групата на Големите Антили е Куба. Таа од сите страни е опколена со водите на Атлантскиот Океан на исток, Мексиканскиот Залив на север и Карипското Море на југ.

Главен град на Куба е Хавана и главен јазик е шпанскиот, парична валута е Кубански песос. 

Со своите долги песочни плажи и водените површини со неверојатна сина боја, секоја година има милион туристи од целиот свет. Најголемото и најпознатото место Варадеро, го посетуваат 1 милион странски туристи годишно. Варадеро е ексклузивниот дел на Куба со прекрасни плажи. Сместен е на полуостровот Хикакос, на околу 140 км источно од Хавана. Варадеро претставува најголем комплекс од ресорти на Карибите, со голем број на ресторани и хотели. Поради преубавите бели, песочни плажи и море што остава без здив, останува меѓу најпопуларните туристички места на светот. Куба има тропска клима со постојани температури на воздухот од 25°С.

Куба е добра дестинација за одмор затоа што станува збор за безбедно, природно место и има многу културни знаменитости кои што вредат да се видат.  Пристапот до интернет е исклучително скап, затоа сосема мал број на хотели нудат интернет во својата понуда. Во Куба се направени специјални Wi-Fi паркови каде се овозможува на локалното население и туристите да се вклучат на интернет. За да се вклучите на интернет потребно е да купите картичка од некое од овластените места на ETECSA, за користење на истата во wi-fi парковите, можете да ја купува по исклучително поволна цена од само 1 кубански песос.

 

Што се однесува до Визен режим: За државјани на Република Македонија, виза за престој во Куба до 90 денови не е потребна.

Надобро време да се посети Куба: бидејки климата е тропска, со просечна температура од 25 °C. Најповолно време за патување во Куба е периодот од ноември до мај месец. Во овој период има голем број на сончеви денови и сонце. Доколку целта на вашето патување е посета на некоја од плажите, препорачуваме да одите во февруари и март, бидејќи тогаш и температурата на водата е повисока. За локалното население летото започнува во периодот од јуни до септември, и тогаш можете да наидете на големи гужви на плажа.

Ви препорачуваме да ги посетите плажите на северните острови кои се одликуваат по белата боја. Исто така интересни за посета се и островите Cayo Santa Maria и Cayo Coco. Во близина на Хавана се наоѓа плажата Santa Maria, која претставува омилено место за туристите и за локалното население. Доколку сте љубител на нуркање и сакате помалку достапни плажи, тогаш препорачуваме да одите на јужната страна и плажите кои се наоѓаат во близина на Punta Cadiz.

 

ПОБАРАЈТЕ ПОНУДА: [email protected]

 

 

Удобности

Преглед по соби

Превоз

Галерија

Location

Не успеавте да најдите тоа што го баравте ? Контактирајте не!