AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Будва-Дубровник-Портомонтенегро

null, Црна Гора

Duration

3 Days

Group Size

30 People

Tour Type

Adventures Tour

Date

Jan 19' - Dec 21'

Min Age

10+

Pickup From

Airport

Ако сте љубители на Јадранот, тогаш Будва е најдобриот избор за вас!

Прекрасна обала, убавото море, прекрасни плажи, сонце, убави луѓе… не е случајно што Будва и будванската ривиера важат за едно од најпривлечните туристички места! Ридестите предели, монументалната архитектура, прекрасните домашни вина и храна, живописни плоштатчиња се само дел од нештата што ја прават Будва прекрасна.

Програма

 

Ден 1 – 21.09.2022 (Петок)

  • Состанок на групата на Дрводекор во 20:30 часот, поаѓање во 21:00 часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

Ден 2 – 22.10.2022 (Сабота)

  • Пристигнување во Будва во утринските часови. Сместување во Вила Јулија во центарот на Будва. Слободно време за прошетка низ стариот град на Будва или посета на Словенска плажа. Ноќевање.

 

Ден 3 – 23.10.2022 (Недела)

  • Третиот ден е предвиден за факултативна посета на Портомонтенегро и Дубровник. Најпрво се упатуваме кон Портомонтенегро - уникатен спој на Монте Карло, Сен Тропе и Порто Банус во едно. Главен инвеститор на целиот проект е канадскиот милијардер Питер Манк, бегалец од нацистичка Унгарија. Канадскиот милијардер за 3.26 милиони евра од владата на Црна Гора го купи целосно военото бродоградилиште “Арсенал” во Тиват и го претвори во марина за мегајахти и плац со површина од 24 хектари за изградба на станови наменети за продажба. Но, тоа повеќе воопшто не е така. Со никнувањето на првиот хотел со пет ѕвездички, The Regent, дури и Лорд Ротшилд и самиот изјавил дека се работи за вистинско чудо кое едноставно мора да се доживее. По посетата, се упатуваме кон Дубровник. Следува разглед на стариот град Страдун: Главната капија–Пиле, Францисканскиот манастир со една од најстарите аптеки во Европа, Старата царина, Катедралата Свети Блаж, Ректоровата палата, старото пристаниште итн. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во Будва, можност за посета на стариот град. Ноќевање

 

Ден 5 – 24.10.2022 (Понеделник)

  • Одјавување од вилата во договорено време и потоа слбодно време до поаѓање. Во договорено време поаѓање за Скопје. Попатна кафе пауза и панорамски разглед на едно од најмонденските летувалишта на Јадранското море – Свети Стефан. Пристигнување во Скопје околу полноќ.

ПРОМО ЦЕНА  69 ЕВРА

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус
- 2 ноќевања апартманско сместување во центарот на Будва
- Организација на патувањето и пратител

 Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Целодневна факултативна посета на Портомонтенегро и Дубровник - 25 евра
- Туристичка такса 2 евра по лице 
- Патничко осигурување

НАПОМЕНА:
- За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума, доплата 7 дена пред поаѓање
- За влез во Република Хрватска е потребен валиден биометриски пасош
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- За реализацијата на факултативата потребено е да се пријават минимум 20 патници
- За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел 

Удобности

Преглед по соби

Превоз

Галерија

Location

Не успеавте да најдите тоа што го баравте ? Контактирајте не!