null, Грција
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
07.октомври (петок) СКОПЈЕ - БИТОЛА - ГРЦИЈА
Состанок на групата во 19.00 часот на паркингот пред хотелот “Holiday inn” во Скопје и заминување за Битола. Средба со останатите патници во 21.30 ч. на автобуската станица во Битола. Продолжување на патувањето кон Грција во 22.00 часот преку граничниот премин Меџитлија-Ники. Ноќно возење по јонската магистрала со попатни застанувања и одмори.
08.октомври (сабота) ПАТРА - ОЛИМПИЈА
Пристигнување во градот Патра во претпладневните часови. Панорамски разглед на центарот, кој се карактеризира со својата медитеранска архитектура. Посета на централниот храм – црквата на светиот апостол Андреј, во која се наоѓаат дел од неговите мошти и крстот на кој бил распнат и погубен. По краток одмор, патувањето продолжува кон древната Олимпија. По пристигнувањето, разглед на еден од најпознатите антички локалитети на Пелопонез – местото на првите Олимписки игри во античка Грција. Попладнето, сместување во хотел и слободно време за индивидауални активности. Ноќевање.
09.октомври (недела) ВАСТАС - МЕСИНИА - КАЛАМАТА
Појадок. Во утринските часови заминување кон Каламата. Попатна посета на светото место Вастас, во кое се наоѓа мистичната црквичка посветена на Св.Теодора. Во продолжение посета и на археолошкиот локалитет Месиниа, кој сведочи за една од највлијателните престолнини во времето на античка Грција. Разглед на локалитетот и продолжување на патувањето кон Каламата. Панорамски разглед на еден од најубавите туристички градови на полуостровот и воедно јужна порта на Пелопонез. Сместување во хотел и слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.
10.октомври (понеделник) ДИРОС - МИСТРА - СПАРТА
Појадок. Во утринските часови заминување на целодневен излет низ регионите на Каламата и Спарта. Посета на местото Аерополи, како и на впечатливата пештера Дирос, низ која разгледот на неколку километри долгите патеки и подземни хали од сталагнити и сталактити, се одвива со чамци пловејќи низ утробата на земјата. Во продолжение на излетот, посета на средновековниот локалитет Мистра – еден од највлијателните градови на медитеранот по падот на Константинопол. Прошетка низ стрмниот терен на локалитетот, со разглед на мноштвото остатоци од стари цркви, манастири и палати подигнати во златното време на Византија. Пристигнување во Спарта и краток разглед на градот. Слободно време и сместување во хотел. Ноќевање.
11.октомври (вторник) МОНЕМВАСИЈА - МАЛЕВИ - НАФПЛИОН
Појадок. Во претпладневните часови заминување кон местото Монемвасија. Посета на еден од највпечатливите средновековни градови, изграден на непристапниот терен од истоимената природна карпа високо издигната во морето. Фантастичната панорама која ја истакнува карпата над синиот хоризонт од Егејското море, дополнително ќе ве плени при прошетката низ нејзините тесни улички издлабени низ јужната страна кон морето. Патувањето продолжува кон еден од најпочитуваните манастири на Пелопонез, посветен на чудотвоната икона на Богородица од Малеви. Прекрасната околина и душевниот мир, пленува уште при првиот чекор во старата манастирска црква. По краток одмор, заминување кон страиот град Нафплион – некогашната престолнина на Грција по завршетокот на првите пелопонески војни за ослободување од османлиското ропство. Прошетка низ прекрасниот град до сместување во хотелот. Ноќевање.
12.октомври (среда) ЕПИДАУРУС - МИКЕНА - КОРИНТ - МЕГАЛОУ СПИЛЕОУ
Појадок. Во претпладневните часови заминување во посета на археолошките локалитети на Арголида: Епидаурус – еден од најголемите и најакустични антички амфитеатри во светот и Микена – древната престолнина на кралот Агамемнон познат и како митскиот освојувач на Троја. Кратко задржување на Коринт – каналот кој ги споји Егејското и Јонското море, како и посета најстариот манастир во Грција - Мегалоу Спилеоу, посветен на чудотворната икона на Богородица од Карпата, за која се верува дека е насликана од св.Јован Богослов. Во доцните попладневни часови, патувањето продолжува кон големиот мост изграден помеѓу местата на Пелопонез и копното: Рио и Антирио.
13.октомври (четврток) ГРЦИЈА - БИТОЛА - СКОПЈЕ
Ноќно возење кон Македонија преку јонската магистрала и автопатот Игнатиа. Попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Битола и во Скопје во раните утрински часови.
Цена на аранжманот: 249 € (15.440,00 мкд)
Во цената е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотели според програмата на база 4 ноќевања со појадок.
- Туристички придружник за време на патувањето
- Посети на културно историски споменици и археолошки локалитети опишани во програмата
- Организација и реализација на патувањето
Во цената не е вклучено:
- Индивидуално патничко осигурување (информации при уплата во агенцијата)
- Влезници при посета на културно историски споменици, музеи и археолошки локалитети
- Услуги на локални водичи, во зависност од местото за посета.
НАПОМЕНА:
- При посета на црквите, мастирите и верските објекти, согласно христијанските и црковните канони (начин на облекување и однесување во нив), од верниците се очекува придржување до нив.
- За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници.
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА и ЈК ТРАВЕЛ
- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА
Не се двоумете. Контактирајте не и ние ќе се погрижиме за Вашиот одмор од соништата.
Биди чекор пред другите!
© Copyright 2022 - Сите права се заддржани. Изработена од на Webiart
Hello! Welcome Create a New Account