null, Црна Гора
БУДВА ЗА ПРВИ МАЈ
29.04.2022 – Состанок на група во договорено време. Ноќно и денско патување со паузи и царински формалности.
30.04.2022 – Пристигнување во раните утрински часови во Острошки Манастир. Манастирот Острог е манастир на Српската православна црква сместен со речиси вертикална позадина, издигнат во големата карпа на Острошка Греда. Тој е посветен на Свети Василиј од Острог ( Свети Василије Острошки ), кој бил погребан овде. Она што е интересно дека е изграден во карпа и е несекојдневно за манастир. По посетата на манастирог групата продолжува за Будва. Сместување во Будва. Слободно време за одмор или индивидуални активности. Во договор со водич, се посетува стариот град во Будва. Доколку има интерес од страна на групата, можна е дружба во некои од кафулињата или на плажа. Ноќевање.
01.05.2022 – Во 09:15 часот состанок со групата пред вила, 09:30 часот поаѓање кон Котор и Тиват. Првото место за посета е Котор. Забавата започнува кога одиме на крстарење. Она што е интересно е дека крстарењето не е со брод туку со глисери. Искуството од претходната тура покажа дека ова крстарење е доста атрактивно и несекојдневно, нешто ново кое е понудено на македонскиот пазар. Првата посета е островот именуван по црквата која датира од 15 век, Богородица на Скрпела. Според морнарите се верува дека ја пронашле иконата на св.Богородица. Патниците ќе имаат време околу 20-30 минути да направат фотографии на островот. Станува збор за мал остров со интересна историја кој управувачот на глисерот ќе ви раскаже повеќе за тоа. Авантурата продолжува кога ќе стигнете во градот Пераст, град кој е под заштита на UNESCO благодарејќи на неговата барокна архитектура. И покрај тоа што ова место има само една главна улица, стариот град е полн со историаја, атракции и хедонистички искуства кои на посетителите ќе им остане во душа. Крстарењето завршува со забава на глисерот. По пристигнувањето во Котор, групата ќе има слободно околу 2 часа за кафе или ручек во градот. Oна што треба да го посетите е стариот град. Старите градби, тесните улички и богатата историја е тоа што ќе направи да се заљубите во Котор. Во договореното време групата се упатува кон пристанишниот град кој многумина го споредуват со Монако, градот Тиват. Голем дел од градот е модернизиран а на моменти ќе се почувствувате како да не сте на Балканот, место каде што ужива и одмара светскио џет-сет. Луксузот, големите јахти, крузери, станбени блокови итн е тоа што го прават Тиват магичен. Овде групата ќе има слободно околу 2 часа за прошетка а препорачуваме да прошетате околу пристаниште и во некои од кафулињата да седнете да уживате во амбиентот. По посетата на Тиват, групата се враќа во Будва. Ноќевање.
02.05.2022 – Одјавување од вилите во 08:30 часот и заминување кон Бар со попатно застанување и панорамски разглед на Св.Стефан. Oва место е еден од најлуксузните летувалишта на целиот Јадран познат како „град-хотел“. Според пописот од 2003 на островот живеат 411 жители. Автобусот ќе застане за патниците да направат фотографии околу 10 минути и се продолжува према градот Бар. Во Бар она што треба да се посети е храмот посветен на Јован Владимир. Катедралата Свети Јован Владимир во Бар е втора по големина православна црква во Црна Гора, палатата на крал Никола, која потекнува од XIX век и прошетка по кејот и центарот во градот. Слободно време во Бар до 12 часот и заминување кон Македонија. Пристигнувањето во вечерните часови.
Промо цена – 69 EUR
Редовна цена: 79 EUR
Во цената е вклучено
· Сместување во Будва, 2 ноќевања во апартмани
· Превоз на дадената релација
· Посета на Острошки Манастир и Бар
· Tуристички придружник за време на целото патување
Во цената не е вклучено
· Турустичка такса на Острог 1 еврo (Се плаќа во автобус) – ЗАДОЛЖИТЕЛНО
· Превоз со комбиња до и од манастирот – 2 еу се плаќаат на лице место доколку се качувате со комбе
· Факултативно крстарење со глисер по Бока Которска и излет до Тиват и Котор (Се плаќа во автобус)
· Туристичка такса 1,5 евра по ден за ноќевање од лице (Се плаќа во автобус) – ЗАДОЛЖИТЕЛНО
Факултативни излети
КОТОР + КРСТАРЕЊЕ СО ГЛИСЕР + ПЕРАСТ + ПОСЕТА НА ГОСПА ОД ШКРПЕЉА + ТИВАТ = 35 еу
Факултативата е дадена како пакет цена и не се зема поединечно.
Важно
· За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата поради ситуации кои однапред не е возможно да се предвидат со оглед на ситуацијата со Ковид мерките.
· За патувањето потребно е сертификат за вакцина.
· Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
· Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
· Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
Организатор на ова патување е Хера Турс, за истото важат општите услови на патување на ЈК Травел и СКТМ
Не се двоумете. Контактирајте не и ние ќе се погрижиме за Вашиот одмор од соништата.
Биди чекор пред другите!
© Copyright 2022 - Сите права се заддржани. Изработена од на Webiart
Hello! Welcome Create a New Account