JK consulting Дома За нас Контакт
 


WORK AND TRAVEL
Општи информации

 



ШТО Е WORK & TRAVEL ПРОГРАМАТА ?

   
WORK & TRAVEL е програма за меѓународна културна размена на студенти. Оваа програма им овозможува на студентите од Македонија да престојуваат и работат едно лето во Соединетите Американски Држави. Со тоа им овозможува да го усовршат својот англиски, да се стекнат со работно искуство во странски компании, да заработат одредена сума на пари, да се стекнат со нови пријатели и поблиску да се запознаат со културата на САД.
     Накратко, Work and Travel програмите Ви овозможуваат едно несекојдневно искуство, можност да го видите светот не само како туристи туку и да станете дел од социјалниот живот на една друга држава - АМЕРИКА. Исто така Ви дава и можност да научите јазик и стекнете искуство од луѓе од различни националности, живеејки и работејќи со нив. Во кореспонденција со Владата на САД, квалитетот на услугата и обемот на можностите е голем.


     Оваа привилегија на студентите од Македонија има ја овозможуваат ексклузивно ЈК преку CCI програмите.

JK е посветен на обезбедување на квалитетна услуга и искуство за сите што сакаат да учествуваат во програмата. Целта на нас ни е да секој апликант кој ке замине во САД да има успешно и незаборавно лето со обезбедување на одличен сервис и услуга и обезбедување на соодветна работа и сместување за секј апликант, согласно со неговите интереси и желби. Можностите се големи!

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА ?

   - Редовни студенти
   - На возраст од 19 до 26 години
   - Познавање на англиски јазик на ниво на комуникација

ЗОШТО НИЕ ?

     Ние сме единствената компанија од Македонија која соработува со двете најдобро рангирани програми во САД. Со напорна работа и со нашиот професионален однос во текот на изминатите 14 години, ние прераснавме во лидер во Македонија за вработување на студенти во САД и сме меѓу 3-те најголеми и најдобро рангирани компании на Балканот.
      Ние на нашите апликанти им нудиме стабилност, сигурност и професионализам низ целиот процес при вработување и заминување за САД.

њењеБило да сте за поминување на лудо лето во САД или целта Ви е да го зголемите Вашето професионално искуство, да ја истражувате Американската култура или да научите нешто ново, ние ја имаме можноста да Ви го овозможиме сето тоа.

њењеТреба да бидете свесни дека и ние бараме нешто од Вас. Додека се обидуваме да Ви го обезбедиме Вашето најголемо искуство во животот, ние бараме од Вас ентузијазам и поддршка во текот на целиот процес. Ако се прашувате дали CCI програмата е за Вас, запрашајте се:

  • Дали уживате во откривањето на нови искуства?
  • Дали сте подготвени за работа во тим?
  • Дали сте независни?
  • Дали имате работни навики?
  • Дали сте флексибилни и прилагодливи кон нови ситуации?
  • Дали сте пријателски расположени и имате смисла за хумор?

Ако сте ги одговориле повеќето од овие прашања со ДА, оваа програма ДЕФИНИТИВНО е за Вас!

ШТО ДОБИВАТЕ ОД НАШИТЕ WORK & TRAVEL ПРОГРАМИ ?

  • Професионална поддршка од тим од искусни професионалци.
  • Интернет страна на која си ја следите состојбата и процесот на Вашњето аплицирање во детали.
  • Обезбедено сместување.
  • Обезбедена работа со детали за плата, упатство за патување, должности и услови за работа.
  • Обезбедено медицинско осигурување за време на целиот претстој во САД.
  • Обезбеден Participant Handbook
  • 2 x Orientation meetings – состаноци пред амбасада и пред заминување.
  • Можност за запознавање на студенти од цел свет.
  • 24-часа телефон за поддршка за сите студенти за асистирање во секакви ситуации.

 

ЗАРАБОТУВАЧКА

   Загарантираната најниска заработувачка според американските закони е 6.55 УСД/ за 1 час работа. Заработувачката на студентите се движи од 6.55 $ - 20 $ на час. Цената на работниот час може да биде и пониска од загарантираниот минимум доколку работното место подразбира задолжително добивање бакшиш (tips).

РАБОТНИ ПОЗИЦИИ

   Најчесто понудените работи се од областа на туризмот (келнери, шанкери, касиери, продавачи, рецепционери, собари...) Можност за избор на работната позиција студентите имаат уште при самото аплицирање, доколку ги посетат интернет страниците на американските спонзори односно компанијата што студентот ја избрал, а е представувана од страна на ЈК.
    Ние Ви нудиме ибор од поголем број на работни понуди и Ве молиме пред изборот на некоја понуда да се консултирате со Вашиот агент кој има многу повеќе искуство од Вас и кој претходно бил дел од овие програми и затоа може да Ви даде совети кои ќе Ви бидат драгоцени.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ

   Работните договори се од 9 недели до 4 месеци. Визата што ги подржува Work and Travel програмите е Ј-1 со важност од 5 месеци максимален дозволен престој од кои 4 месеци за работа и 1 месец туристички престој како студентот би можел и подобро да ја запознае Америка.

ДОКУМЕНТ DS-2019

    Доколку бидете примени на програмата на Ваше име ќе се издаде Certificate of Eligibility for Exchange Visitors Status (DS-2019) врз основа на кој ќе добиете Ј-1 виза.. Оваа виза им овозможува на студентите да работат ( 4 месеци максимум) и потоа еден месец да патуваат во САД. Овој документ студентите го добиваат, со посредство на агенцијата ЈК , непосредно пред одење на разговор во амбасадата на САД.

ПАТУВАЊЕ

   На ваше барање ние ќе Ви обезбедиме повратен авионска билет до локацијата каде ќе раоботите, се со цел намалување на трошоците ние сме во можност тој авионски билет да Ви го обезбедиме од аеродромот во Скопје или од аеродромот во Белград. Вие го добивате овој билет со студентски попуст по најниска можна цена.

ПРИДОБИВКИ ОД ОВИЕ ПРОГРАМИ

   - Усовршување на Вашиот англиски јазик
   - Работно искуство во странска компанија
   - Заработка на одредена сума пари
   - Нови пријателства
   - Посета на некои од најубавите градови во светот
   - И многу, многу забава.

Почитувани студенти,

    Во овие 12 години колку што работиме за Вас илјадници студенти беа дел од нашите програми. Сите тие имаа и имаат прекрасно искуство, многу забава и многу едукациј. Но што е многу важно голем дел од нив денес се успешни луѓе како во Македонија така и во светот.
    Се поголем е бројот на компании кои дирекно се обрајкаат до нас за да им дадем пристап до нашите бази на апликанти се со цел да пронајдат добри вработени за нивните компании. Барањата на овие компании ќе се зголемуваат и во иднина, зато што успешните компании знаат колку е важно ова меѓународно работно искуство, и колку тоа искуство може да придонесе за напредокот на компанијата.
    Затоа Ве молиме не ја пропуштајте оваа шанса да направите нешто повејке за вас. Да го подобрите Вашиот англиски, да се стекнете со работно искуство во странска компанија и да имате едно незаборавно лето во САД.
   Тоа работно искуство ќе Ви помогне по завршувањето на факултето кога ќе аплицирате во накоја Македонска компанија Вашето ЦВ да се издвојува од другите баш поради тоа што имате работно искуство во САД.

дфНие сакаме нашите апликанти да го имаат најдоброто можно искуство и тоа го правиме од почеток до крај. Ние не обезбедуваме само виза, ние обезбедуваме квалитетен сервис и бенефиции кои не само што ќе го зголемат Вашето лично искуство, туку ќе го направат и незаборавно. Вие ќе се здобиете со непроценливо искуство, ќе научите многу за културата и животот во САД, ќе имате доживотни пријатели од Бразил, Колумбија, Русија, Кина...

АПЛИЦИРАЈТЕ ON LINE !!!


ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ВЕ МОЛИМЕ ПОСЕТЕТЕ ЈА НАШАТА КАНЦЕЛАРИЈА НА ШИРОК СОКАК ВО БИТОЛА (спроти Тутунска Банка) ИЛИ КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ НА: 047 220 248 ; 078 21 21 22; contact@jk.com.mk



  Сите права задржани 2006 - 2010 JК consulting