Дома За нас Контакт
 
  Работа на брод | Студентски програми | Едукација | Галерија| Туристички аранжмани

РАБОТА НА БРОД
УСЛОВИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

 



Сите апликанти кои се заинтересирани за работа на брод треба да ги исполнуваат следниве услови:
  • Млади луѓе, ентузијасти, машки или женски пол.
  • Познавање на англиски јазик минимум ниво на конверзација (за пониски позиции ) и напредно ниво за повисоки работни позиции;
  • Квалификации и работно искуство, професионални способности кои одговараат на работата за која се аплицира;
  • Пријатен изглед, флексибилност, приспособливост, добро здравје;
  • Најмногу од се, ЖЕЛБА ЗА ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ЖИВОТОТ И ВИЗИЈА ЗА ПОСВЕТЛА ИДНИНА.


Општи информации за работата на бродските компании:

- Траењето на договорот е различен во зависност од бродската компанија и се движи од 4 до 6 месеци со можност за потпишување на нов работен договор по завршувањето на првиот;
- Платата e во зависност од позицијата и ориентационо се движи од 700 до 3500 американски долари;
- Кабините во кои ќе бидете сместени најчесто се за 2 или поретко 3 лица. Голема е веројатноста да ја делите кабината со луѓе од други земји;
- Сместувањето и исхраната на бродот се бесплатни;
- Додека трае договорот, кандидатот е обезбеден со здравствено и животно осигурување.

Како се одвива процесот на аплицирање и вработување

  1. Поднесување на апликација ( CV ) на англиски јазик со 3 фотографии и уплата од 600 денари за апликација.
  2. Обука ( обуките коштаат од 4500 до 6500 денари и се плаќаат на 2 рати. Прва рата пред прелиминарното интервју во Скопје, втора рата пред главното интервју во Скопје).
  3. Задолжително присуство на презентациите кои се органзираат секој вторник во 11 часот во Скопје.
  4. Задолжително прелиминарно интервју со претставник од агенцијата – по презентацијата или во термин што одговара за апликантот.
  5. Подготвување на документи за главно интервју со претставник од бродската компанија. Документите се: 
    -  Препораки од претходен работодавец. 
    -  Потврди за неосудуваност. 
    - Диплома за завршено образование ( минимум средно ). 
    - Други документи од лична природа со кои се докажуваат квалификации како што се: сертификати за завршени обуки или курсеви и сл.

НАПОМЕНА :

Ова се генерални информации за процесот на аплицирање и вработување.
За различни компании ( бродски или угостителски ) важат различни процеси за аплицирање.

ВАЖНО :

ЈК не го гарантира вработувањето во никој случај. Само бродската компанија може да ја потврди интенцијата за вработување .
ЈК го врши само основниот процес на информирање, селектирање и припремање на апликантите за потенцијално вработување .




КАДЕ ДА АПЛИЦИРАТЕ ?

Канцеларија: Маршал Тито 38 (Широк Сокак спроти Тутунска Банка)
Тел: 047 220 248; 078 21 21 22; 078 233 767
E-mail: brod@jk.com.mk ; contact@jk.com.mk

  Сите права задржани 2006 - 2009 JК consulting