Дома За нас Контакт
  Работа на брод | Студентски програми | Едукација | Туристички аранжмани
   


ШТО Е WORK & TRAVEL ПРОГРАМАТА ВО ГЕРМАНИЈА ?
   
WORK & TRAVEL е програма за меѓународна културна размена на студенти. Оваа програма им овозможува на студентите од Македонија да престојуваат и работат едно лето во Германија. Со тоа им овозможува да го усовршат својот германски јазик, да се стекнат со работно искуство во странски компании, да заработат одредена сума на пари, да се стекнат со нови пријатели и поблиску да се запознаат со германската култура.
     Накратко, Work and Travel програмите Ви овозможуваат едно несекојдневно искуство, можност да го видите светот не само како туристи туку и да станете дел од социјалниот живот на една друга држава - ГЕРМАНИЈА. Исто така Ви дава и можност да научите јазик и стекнете искуство од луѓе од различни националности, живеејки и работејќи со нив.
     Оваа привилегија на студентите од Македонија има ја овозможуваат ексклузивно ЈК преку Бирото за вработување ZAV во Бон, Германија .
ZAV е организација која обезбедува квалитетна услуга и искуство за сите што сакаат да учествуваат во оваа програма. Спецификата на оваа европска организација се препознава по зголемените шанси кои им ги нуди на младите, не само во стекнување на знаење на професионален план, туку и давање можности за развивање на мултикултурализмот кој е сеприсутен во замјите од Европа. Исотовремено на ваков начин се зголемуваат и аспирациите за изучување на германскиот јазик, запознавање со германската култура, а кои всушност се база на европската култура.ZAV  се грижи за Вашиот успешен престој во Германија, ви нуди загарантирана работа и тоа со избор на работното подрачје, одлуката е ваша! Аплицирајќи во ZAV, добивате можност за успешно и незаборавно лето, забава, комуникација со луѓе од повеќе европски земји, како и заработка на одредена сума на пари.Ако Вашате цел за наредното лето е престој во Германија, прошетка низ нејзините покраини, заработка на пари, тогаш Добредојдовте во ЈК и програмата WORK & TRAVEL! Можностите се големи!

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА ?

   - Студенти од сите студиски години, како и студенти на постдипломски
   - На возраст од 19 до 29 години
   - Познавање на германски јазик на ниво на комуникација

ЗОШТО НИЕ ?

 
      Стабилност, сигурност, професионална работа се нашите атрибути. Аплицирајте и станете дел од тимот кој е спремен за стекнување со нови искуства, забава, работа, и пари во Германија. Секоја шанса за практична работ надвор од Македонија, дополнително ви ги зголемува можностите при вработување и кај нас. Зошто? Бидејќи точноста, работливоста, педантноста и заработувачката на пари  ја чинат германската култура и го карактеризираат германскиот начин на живеење. Искористете ја шансата и станете дел од програмата  на ЈК ARBEIT UND REISE NACH DEUTSCHLAND!

Во текот на процесто на аплицирањето потребен ни е Вашиот ентузијазам и Ваша поддршка.Се останато обезбедуваме Ние!

  • Дали уживате во откривањето на нови искуства?
  • Дали сте подготвени за работа во тим?
  • Дали сте независни?
  • Дали имате работни навики?
  • Дали сте флексибилни и прилагодливи кон нови ситуации?
  • Дали сте пријателски расположени и имате смисла за хумор?

Ако сте ги одговориле повеќето од овие прашања со ДА, оваа програма ДЕФИНИТИВНО е за Вас!
ШТО ДОБИВАТЕ ОД НАШИТЕ WORK & TRAVEL ПРОГРАМИ ?

  • Професионална поддршка од тим од искусни професионалци.
  • Интернет страна на која си ја следите состојбата и процесот на Вашњето аплицирање во детали.
  • Сместување и храна во зависност од понудените услови во договорот.
  • Обезбедена работа со детали за плата, упатство за патување, должности и услови за работа.
  • Обезбедено медицинско осигурување за време на целиот претстој во Германија.
  • 2 состаноци пред амбасада и пред заминување.
  • Можност за запознавање на студенти од цел свет.
  • 24-часа телефон за поддршка за сите студенти за асистирање во секакви ситуации.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ?

   - CV на германски јазик
   - Мотивационо писмо на германски јазик
   - 4 фотографии (пасошки формат)
   - 2 копии од пасош (прва страна)
   - Потврда за редовен студент (оригинал + превод на германски јазик)
   - Работен договор (доколку студентот го обезбедил самиот)
   - Копија од предходни визи доколку имате
*Обезбедено од наша страна.
ЗАРАБОТУВАЧКА

   Најниска заработувачка според германските закони е 6, 5 евра за 1 час работа. Секој договор нуди различна заработувачка за 1 час, во зависност од понудата која ја нуди работодавецот и фирмата во која ќе работите.


РАБОТНИ ПОЗИЦИИ

   Најголем број од договрите кои ги добиваат студентите од цела Европа се работни понуди од областа на угостителството (келнери, шанкери, работа на каса, собари,  продавачи, рецепционери,...) Можност за избор на подрачјето(пр. хотелиерство, земјоделство... ) за работната позиција студентите имаат уште при самото аплицирање. Тимот на ЈК Ве упатува со свои сугестии и Ви помага при изборот на работата, за останатото одлучуваат самите работодавци.
    Ние Ви нудиме избор од поголем број на работни понуди и при консултациите со нашиот тим Ви го пренесува искуството кое агентите го стекнале претходно, а кои биле дел од овие програми.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ

   Работните договори се максимум до 90 дена или 3 месеци. Визата што ги подржува Work and Travel програмите е со важност од 3 месеци максимален дозволен престој од кои 2 месеци за работа и 1 месец туристички престој како студентот би можел и подобро да ја запознае Германија.

ПАТУВАЊЕ

   На ваше барање ние ќе Ви обезбедиме повратен авионска билет до локацијата каде ќе раоботите, се со цел намалување на трошоците ние сме во можност тој авионски билет да Ви го обезбедиме од аеродромот во Скопје или од аеродромот во Белград. Вие го добивате овој билет со студентски попуст по најниска можна цена.

ПРИДОБИВКИ ОД ОВИЕ ПРОГРАМИ

   - Учење и усовршување на германскиот јазик
   - Работно искуство во странска компанија
   - Заработка на одредена сума пари
   - Нови пријателства
   - Посета на некои од најубавите градови во светот
   - И многу, многу забава.

Почитувани студенти,

Со доживувањето на искуството да се работи во моќната Германија, стекнувате искуства кои секако ќе ви помогнат при работата во Македонија. Понудата за работа во Германија за Вас е од економски, едукативен и социјален карактер. Стекнетесе со едно големо искуство во студенските денови и надоградете ги вашите досегашни успеси.
    Голем е бројот на компаниите кои дирекно се обраќаат до нас за да им дадеме пристап до нашите бази на апликанти, се со цел изнаоѓање на што поискусни кадри луѓе за нивните компании. Барањата на овие компании ќе се зголемуваат и во иднина, зато што успешните компании знаат од колкава суштинска важност е  меѓународно работно искуство и колкав е неговиот придонес во напредокот на компанијата.
    Затоа не пропуштајте ја оваа шанса да направите нешто повеќе за вас. Да го научите и усовршите Вашиот германски, да се стекнете со работно искуство во странска компанија и да поминете едно незаборавно лето во Германија.
   Тоа работно искуство ќе Ви помогне по завршувањето на факултето кога ќе аплицирате во накоја Македонска компанија Вашето CV да се издвојува од другите, токму поради тоа што имате работно искуство во Германија.
Ние сакаме нашите апликанти да го имаат најдоброто можно искуство и тоа го правиме од почеток до крај. Ние не обезбедуваме само виза, ние обезбедуваме квалитетен сервис и бенефиции кои не само што ќе го зголемат Вашето лично искуство, туку ќе го направат и незаборавно. Вие ќе се здобиете со непроценливо искуство, ќе научите многу за културата и животот во Германија, а вашите пријателски хоризонти ќе бидат проширени на ниво на цела Европа.
   Со почит,

АПЛИЦИРАЈТЕ ON LINE !!!

 

 

Канцеларија: Маршал Тито 38 (Широк Сокак спроти Тутунска Банка)
047 220 248; 078 21 21 22

contact@jk.com.mk


  Сите права задржани 2006-2008 JК consulting